БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Предлог-проектот Футуристи 2523 е победник на конкурсот за избор на најдобро идејно решение за парк во Македонска Каменица

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Избрано најдобро идејно решение за уредување на парк во Македонска Каменица од пристигнатите предлог проекти до Комисијата од ЈП Камена Река
Денес во просториите на ЈП “Камена река” од Македонска Каменица, заседаваше 5 члената Комисија која одлучуваше врз основа на пристигнатите предлог Проекти по објавениот Конкурс за идејно решение за уредување на парк во Македонска Каменица. Истите беа објавени на фејсбук налогот на ЈП “Камена Река” како поединечни фото албуми. Граѓаните имаа можност да гласаат преку ставање на “Like” реакција на еден од албумите од авторите на идејните решенија.Гласањето траеше во периодот од 22-ри Март до 26. Март 2019 година.
Гласањето од граѓаните на фејсбук профилот на ЈП Камена Река беше земено како дополнителна сугестија, односно беше вброено како 6-ти глас при одлучувањето. Секој член на комисијата гласаше за три понудени идејни решенија. Гласовите беа од 15, 10 и 5 поени за првиот, вториот и трет одбран проект од членовите на комисијата.
Победник на Конкурсот за идејно решение за уредување на парк во Македонска Каменица, според гласовите на граѓаните преку социјалните мрежи и 5 члената комисија е доставениот предлог проект Футуристи 2523 со 85 поени. Автори на овој проект се Денис Садулов и Христина Стојилова.

-соопштуваат од Јавното претпријатие “Камена река” од Македонска Каменица.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace