Венко Крстевски, в. д. градоначалник на Општина Кочани најавува борба со незаконското градење истакнувајќи дека законските прописи и мерки ќе важат подеднакво за сите!
Според Кривичниот законик, казната за тој што гради на туѓо земјиште без одобрение или спротивно на одобрението издадено од надлежен орган е од три до осум години затвор.
– Предупредувањето е превентивно. За оние што ќе се спротивстават ќе има кривични пријави, записник, решение за отстранување, а имотот ќе прејде во сопственост на државата, додава Крстевски.
В. д. градоначалникот на Кочани потсетува дека со легалното градење се плаќаат комуналии, со кои се полни општинскиот буџет со средства кои потоа ќе се вложат во проекти од јавен интерес, во корист на целата заедница.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу министерствата за здравство, образование и социјална политика за рана интервенција во детството
Министерство за здравство: Четворица пациенти од пожарот во Кочани се враќаат во земјава, во странски медицински центри остануваат уште 11 пациенти
Перински во Крива Паланка: Со регионална соработка до нов урбан зелен парк за граѓаните