Сите луѓе сме различни. Да сме биле исти со исти очекувања и исти сфаќања, сигурно светот немало да се движи со овој чекор а можеби и немало да постои.
Некои повеќе се интересираат за наука и истражување нови работи со кои ќе ја развиваат својата логика и ќе ги прошируваат своите умствени капацитети, додека други преферираат филозофски начин на живот, потпирајќи се на своите инстинкти, емоции и интуиција. Двете половини од мозокот имаат различни функции, па во зависност од тоа кој дел повеќе го користите, таков ќе биде вашиот карактер.
Проверете:
Дали девојката се врти во насока на стрелките на часовникот или обратно?

- Доколку сметате дека танчарката се врти во насока на стрелките на часовникот, тогаш вие повеќе ја користите десната страна од мозокот, и обратно.
- Повеќето луѓе движењето на девојката го гледаат во насока обратно од движењето на стрелките на часовникот, што значи дека повеќе ја користат левата страна од мозокот.
- Доколку се концентрирате и се задлабочите во анимацијата, можете да го промените правецот на движење. Ако успеете да го смените правецот, значи дека умеете да промените и дел од себеси. Обидете се!
Функции на левата страна од мозокот |
Употреба на логика |
Забележување детали |
Потпирање на факти |
Меморирање голем фонд на зборови |
Живеење во сегашноста и минатото |
Математика и наука |
Интелигенција |
Вештина |
Свест |
Меморирање според редослед и перцепција |
Паметење имиња на објекти |
Базирање на реалност |
Стратешко размислување |
Практичност |
Безбедност |

Функции на десната страна од мозокот |
Базирање на чувства |
Широк спектар на гледишта |
Водење според имагинацијата |
Меморирање симболи и слики |
Живеење во сегашноста и иднината |
Филозофија и религија |
Логично разбирање |
Верување |
Почит |
Ориентација во простор |
Разбирање на функциите на уредите |
Базирање на фантазија |
Простор за нови можности |
Импулсивност |
Преземање ризици |
ДРУГИ ОБЈАВИ
Лидер, авантурист или оптимист – Тестирајте ја вашата категорија и забавувајте се!
Погледнете ги овие цртежи кои се неверојатен одраз на се она што е погрешно со општеството
Клучни особини на добрите родители