Денеска Премиерот Ковачевски преку социјалните мрежи се пофали дека владата предводена од СДСМ во изминатите години под водство на Зоран Заев ја намалила невработеноста во државата за нешто помалку од 5%
“И во услови на двегодишна економска криза, невработеноста постојано паѓа. Последните податоци покажуваат дека е на историски најниски 15,2%.
Ова е резултат на добрите економски политики на Владата, продолжуваме понатаму со посветена работа и фокус на економијата.”
-напиша на фејсбук Димитар Ковачевски- Премиер на Владата.
Голем број граѓани на социјалните мрежи коментираат дека ваквото намалување е во голема мерка резултат на исселувањето на луѓето од државата.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
Средба на Јавниот обвинител Савески со директорката на ОТА Јаническа
Истрага за Претседател на суд и Судски администратор