Интегрален текст на прес конференцијата на Даниела Хрстовоа од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНе од Виница:
“Почитувани сограѓани,
На 15 Јули завршува едно поглавје од историјата на македонскиот народ, кое никогаш повеќе не сакаме да се повтори.
Завршува хибридниот режим на оваа ненародна власт која зад себе ќе остави само корумпирано судство, пресушена економија, крахирано здравство и образование на работ на бездна.
Македонскиот народ сето тоа го чувствува на свој грб и не заборава!
На 15 Јули ќе си дојде по своето!
Македонскиот народ ќе си ја побара правдата за секоја солза на оние кои неправедно останаа без работа, оние кои ги изгубија најблиските поради неспособноста на оваа влада да се справи со вирусот кој и моментално не ги плаши и упорно си ги ставаат личните интереси пред здравјето на граѓаните.
Македонија и да сака не може да заборави дека и го сменија името, ни ја погазија верата, а на добар пат се да ни го продадат и јазикот.
Македонија не заборава дека сакаат да ни го уништат идентитетот, да ни уништат сето она за кое нашите предци пролеале крв.
Македонија никогаш нема да ги заборави сите зла и неправди кои СДС ги нанесе на македонскиот народ и затоа тој ќе си дојде по своето!
На 15 Јули доаѓа ОБНОВАТА на Македонија, а со неа ќе си ја вратиме честа, достоинството и слободата!
Ви благодарам !”
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
30 годишна жена од Кочани нападната од двајца во нејзиниот дом
Лишен од слобода 39 годишник од Свети Николе
Дали полицијата конечно влезе во ЈКП “Брегалница” Делчево, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ