По победата на Реџеп Таип Ердоган на предвремените претседателски и парламентарни избори во Турција, Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, телефонски му ја честита победата на Ердоган со искрена честитка за мандатот.
Двајцата претседатели разговарале и за актуелните политички случувања во двете земји, се заблагодариле за меѓусебната поддршка и пријателство која досега била несебична и од двете страни, со надеж и позитивни мисли дека таа соработка ќе продолжи и во иднина, информираат од Кабинетот на Иванов.