БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски на средба со Михај Бусујок, судија од Уставниот суд на Романија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски денеска оствари работна средба со Михај Бусујок, судија во Уставниот суд на Романија. 

На средбата се разговараше за актуелните предизвици со кои се соочуваат уставните судови на двете земји, како и за улогата на уставно-судската заштита во контекст на современите општествени и правни околности. 

Двете страни изразија подготвеност за продлабочување на меѓусебната соработка, преку размена на искуства, знаења и судска практика. 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во тој контекст беше договорено во наредниот период да се интензивираат контактите помеѓу двата суда, претседателот Костадиновски ја прифати поканата на Претседателката на Уставниот суд на Романија, Елена-Симина Танасеску за официјална посета, која е планирано да се реализира во првата половина на 2026 година. 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace