БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Претставен проект за лица со инвалидност во Кавадарци

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Општина Кавадарци беше домаќин на средбата на лица со инвалидност каде се презентираше и проектот „Стратегија за лица со инвалидност-ЛАПЛИ“.

Целта на проектот е зајакнато влијание на граѓанските организации кои работат со лица со попреченост во креирање на јавни политики во Општините Кавадарци, Градско и Чашка. Пред присутните се обрати градоначалникот на Кавадарци м-р Митко Јанчев кој посочи

“ Мојата изработка ќе биде заедничка со сите здруженија од општината кои се опфатени со таа реализација бидејќи така ќе се лоцираат сите потреби и ќе се изнајдат вистинските решенија. Од самиот почеток дејствуваме во интерес на лицата со инвалидност и попреченост. Досега општината има реализирано повеќе проекти во правец на создавање услови за подобрување на условите на овие лица и нивна поголема вклученост во општеството. Во неколку наврати се доделени електрични колички за инвалиди, изградени пристапни рампи во институциите, лифт за инвалиди во општината како и доделени парични рседства“.

Во оваа прилика Јанчев го промовираше и проектот со кој општината ќе обезбеди и возило комби за бесплатен превоз на инвалиди и лица со попреченост. Комби возилото со рампа е донација од СР Германија. Трошоците ќе ги обезбедува општина Кавадарци.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace