На 09.11.2022 на подрачјето на ПС за ГП и ГН Деве Баир, полициски службеници организираа едукативна превентивна активност „ Превенција од гранични инциденти, заштита и спасување од повреди при природни непогоди и движење во планински услови”, на која присуствуваа претставници на здруженија на граѓани – планинарски друштва,еколошки, извиднички, мотокрос клубови итн.
Учесниците беа запознаени со одредби од Законот за гранична контрола, кои се однесуваат на движење во близина на граничната линија и известување на службите согласно законот, како и постапување на надлежните институции од системот за известување и тревожење во случај на потреба од помош.
Извор: МВР


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Нова лабораторија за работа во дрво на Факултетот за ликовни уметности – Скопје
Фетаи на Меѓународниот ден против корупцијата: „Интегритетот не е слоган; тој е основата врз која се гради довербата, се открива просперитетот и се обезбедува нашата заедничка европска иднина“
НУБ “Св. Климент Охридски” Скопје достојно го одбележа денешниот празник