БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Придобивките од наставата во природа: Риболовот и образованието

Пренеси го гласот

Иднината на нашите ресурси е во рацете на нашата младина и во визијата и посветеноста на родителите, поширокото семејство, наставниците и пријателите, кои помагаат во обликувањето на нивните идеали и вредности. Рекреативниот риболов е светска традиција стара и долго време се смета дека е добра за мирот и спокојството што може да им ги обезбеди на сите оние кои сакаат да избегаат од притисоците и брзиот начин на животот.

Риболовот нуди неколку блажени часови кои живот значат. Риболов, исто така, дава можност да поминете квалитетно време во мирен незастрашувачки амбиент, разговарајќи и повторно поврзувајќи се со семејството и пријателите.

Како што се развиваат риболовните вештини, се постигнува ниво на самодоверба и се исполнуваат предизвиците за организацијата и планирањето. Покрај тоа, постои верувањето дека децата и возрасните кои поминуваат време во природата на отворено, тие имаат комуникација со природата, учат да ја сакаат и разбираат нашата кревка околина. Тие стануваат позаинтересирани и ја осознаваат улогата што ја играат во зачувување и зајакнување на нашите ресурси. Со тоа знаење, тие можат да станат подобри управувачи на нашите природни ресурси кои прават поинформиран избор за нивните секојдневни активности што влијаат на животната средина и помагаат да влијаат на другите да го ценат и подобруваат нашето природно наследство.

Риболов е фантастичен начин да се помине квалитетно време со своето дете во добра комуникација, далеку од стресот и да се избега од секојдневниот брз и монотон живот. Каде е подобро ќе се дознае какво е размислувањето на детето за приородата и да му ги споделите вашите знаења со нив. Риболовот е можност да ги научиме децата за разновидноста на природата и нашата зависност од здрава животна средина и за тоа како луѓето можат да ја подобрат или уништат истата.

Риболовот е животен спорт кој на сите им овозможува многу часови рекреација, релаксација и време со семејството и пријателите. Риболов е физичка активност што помага да се развијат координативни вештини за снаоѓање и опстанок во природата. Риболовот е начин да предизвикате интерес кај детето да научи повеќе за рибите и природата, со читање, истражување на интернет и дирекна дискусија за стекнатите искуства со врсниците. Рибловот е најдобар начин да ја осознаеш природата и да се осознаеш самиот себе!

bregalnickimarketing

Пишува: Одделенски наставник: Благојчо Стојановски OOУ „ Никола Карев “ – Кочани

Креирано од:


Пренеси го гласот