БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Приказна која го топли срцето: Христијан Мицкоски помогна во изградба на нова куќа за 7 члено семејство

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Додека се повеќе луѓе- Македонци живеат во сиромаштија а институциите на државата се пропаднати длабоко во сопствената кал, народот во овие тешки времиња се има самиот себеси за да си помогне.

И кога се чини дека нема светлина за оваа наша небиднина, ќе се појави сончев зрак кој што го топли срцето и дава надеж.

Во многу тешки услови 7 члено семејство во селото Градиште требаше да ја дочека и оваа нова година. Без елементарни услови за живот, во трошна куќичка живееле малите Ивана, Ангела, Јована, Јован и Велика кои што за разлика од претходно денес имаат нов дом изграден од донации на хуманите луѓе.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Христијан Мицкоски во предвечерие на новата година и големиот христијански празник Бадник заедно со повеќе луѓе успеаа да изградат нова куќа- нов дом за ова Македонско семејство.

Ова се моменти за заедништво и хуманост. Оваа приказна не смее да остане недораскажана. Нека овие среќни детски лица бидат поттик и патоказ за многу вакви хумани приказни во деновите што доаѓаат. Заедништвото и меѓусебната поддршка ќе ја извади Македонија од овие лавиринти во кои незапирливо тоне. И не со грешка Македонскиот народ е еден од Божјите народи споменати во Светото Писмо. Токму поради ваквите приказни…

“Нема цена со која може да се плати среќата и насмевката на овие добри луѓе.”

-напиша на социјалните мрежи Христијан Мицкоски во предвечерие на Нова Година.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace