БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Примена на енергетски-ефикасни мерки во подрачното училиште „Крсте Петков Мисирков“, во с. Прибачево, кочанско

Пренеси го гласот

Деновиве во тек е замена на прозорците во подрачното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во кочанското село Прибачево.

Со имплементацијата на овој проект значително ќе се подобри енергетската ефикасност на зградата на училиштето, што е добредојдено во контекст на актуелната енергетска криза и големите трошоци за електрична енергија на локалните институции не само во Кочани.

“Заменувањето на прозорците се овозможуваат подобри услови за настава, како и придонесување кон енергетската ефикасност на објектот во текот на претстојната зима.”

-информираат од општина Кочани кои со најголема посветеност пред се на градоначалникот Љупчо Папазов ги решаваат проблемите кои произлегуваат од актуелната состојба во државата, за да не страда образовниот процес и воопшто работата на сите локални институции.

Креирано од:


Пренеси го гласот