БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Проблемот со уличните кучиња во Делчево стигна до аларм на највисоко ниво. Молк од општината и градоначалникот

Пренеси го гласот

“Ја потонаа Македонија во криминал и беззаконие‼️

Не поминува ден, СДС да не се фатени во криминал. Независно, дали се од централната или од локалната власт, функционерите на СДС се борат за приматот „најкриминална зделка“.

Последен пример е градоначалниот на Делчево Горан Трајковски и јавната набавка од пола милион денари за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територија на Општина Делчево. Ниту се имплементира програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња, ниту се води сметка за заштита на јавното здравје на граѓаните на Општина Делчево.

Наместо да се заловуваат бездомните кучиња и хумано третираат согласно пропишаните законски прописи (идентификација, тест на лајшманиоза, вакцинација, дехелминтизација, стерилизација, тест на социјализација, вдомување), истите кучиња само се идентификуваат и повторно нетретирани се враќаат на јавните површини на милост и немилост. Го повикувам директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски како одговорно лице на најповиканата институција во Р.Македонија да ги санкционира и одземе доделените надлежности на субјектите кои се вклучени во оваа јавна набавка.

Воедно по допрен глас бараме да се вклучи јавното обвинителство и да го истражи целиот случај и да утврди дали има или не злоупотреба буџетски средтства.

Одговорност мора да има !!!”

-фејсбук реакција на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ

Креирано од:


Пренеси го гласот