Денеска на брегот на Охридкото Езеро во прекрасен природен и духовен амбиент во организација на ВМРО-ДПМНЕ се реализираше настан во чест на денешниот празник 24 Мај- Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. На настанот реализиран под наслов „Св. Кирил и Методиј, Стожер на Постоењето!“ свое обраќање пред присутните имаше Проф Д-р Митко Панов од Институтот за национална историја при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје кој зборуваше за универзалноста на пораките на Св. Кирил и Методиј како и неговите ученици Св. Климент и Наум Охридски.
„Јас не би рекол дека не натераа да заборавиме на минатото туку да прифатиме ново минато со што ќе станеме нешто друго од тоа што сме и тука ја гледам клучната поента и на мисијата на Кирил и Методиј. Кирил ги засрамил тогашните политички и црковни елити обезбедувајќи рамноправност на словенскиот јазик со што тој издејствувал во Рим да се изведе словенската богослужба во пет цркви, нешто што е чин на признавање не само на словенскиот јазик туку и правата на сите словенски народи. Човековите права што се денес фундаментот на кој што почиваат европските вредности. Токму тука е таа порака која што ние како држава Македонија и како македонски народ сме заслужни за одржувањето на мемеоријата и наследството на Кирил и Методиј особено преку култот на Климент Охридски кој што непосредно и директно ги проширил и ги зачувал оригиналните изворни традиции на Кирил и Методиј па преку Охридската Архиепископија и потоа стануваат стожери на тоа наследство и тука е суштината на нашата држава и зачувувањето на европските вредности. Бидејки токму преку негувањето на култот на Кирил и Методиј и Св. Климент и Св. Наум Охридски, сме го подариле она што денеска го имаат- рамноправноста на Словенските народи. Тоа е таа универзална димензија и тука би потенцирал дека тоа е и начинот на кој што една модерна европска држава како што сме ние Република Македонија може во иднина да парира или да се справува со токму оние наметнати политички ревизионизми и конструкти на историјата кои што имаат тенденции да ги национализираат Кирил и Методиј, односно во најново време да ги бугаризираат и како такви да бидат прифатени и не само тоа така национализирани и бугаризирани да бидат проектирани во современието на Република Македонија како една нова историска меморија која што на некој начин ќе демонстрира или ќе покаже, односно треба самите ние да прифатиме дека во кконтинуитет како што Св. Кирил и Методиј биле бугари и Св. Климент и Неум Охридски така и ние денес сме. Тоа е апсурдот на политиката и мешањето на политиката во историјата. И токму пораката тука ја гледам на Кирил и Методиј, таа рамноправност на Словенските народи вклучително и Македонскиот кој што заслужува да го добие своето место во Европска Унија токму со овие историски пораки и со една димензија која што доследно ќе ја пренесе таа порака на Кирил и Методиј.“
-рече Професорот Митко Панов кој што е еден од најзначајните историчари на денешнината на овое простори и е редовен професор на Институтот за национална историја при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје.
Целиот настан од крај брегот на Охридското Езеро посветен на денешниот празник може да го видите во продолжение:
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
За Костадин Костадинов битката за градоначалничката фотеља на Струмица е прашање за живот или смрт
СДС се тие кои што го срозија животниот стандард на граѓаните, зголемија цена на струја за 50%, зголемија цени и ДДВ на прехранбените производи
Секретарот на СДСМ беше на закројување лозје. Килим немаше!