За многу кратко време највисоките раководни лица во државата се мобилизираа за првична реакција по катастрофалниот пожар во кочанската дискотека на смртта во која животот го загубија 59 наши сограѓани а над 200 лица беа повредени од кои повеќемина потешко.
Паралелно со експресната реакција од првите моменти на Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, Министерот за здравство Арбен Таравари на кои во целосна приправност во Кочани им беше Премиерот Мицкоски само за 2-3 часови по катастрофата за помош и секаква поддршка се мобилизираа целокупните безбедносни сили по вертикала во ОВР Кочани и СВР Штип под команда на Министерот Тошковски додека здравственот персонал пожртвувано реагираше во рамки на своите ингеренции за спасување на животите на преживеаните и борба за секој еден поединец да биде спасен од пожарот.
За самата обемна акција на одговор на последиците од непредвидливата катастрофа свои наоди во централниот дневник на програмата на Јавниот сервис на МРТ имаше
Професорот на Факултетот за безбедност Проф. Д-р Злате Димовски кој што потврди дека одговорот на институциите бил добро испланиран и координиран.
“Во услови на масовна деструкција како што е сега ова, сметам дека се она што се превзема е координирано и добро испланирано. Факт е дека ваквите настани не можат да се предвидат. Факт е дека веднаш треба да се делува промптно, што побрзо и да се организираат сите чинители, сите оние кои што треба да ги разјаснат оние околности кои што постојат. Да се увиди се она што може да се стори на самото лице место, поточно да се обезбеди самото лице место максимално за да не дојде до евентуална контаминација на трагите. Да се помогне пред се на жртвите… понатаму да се пронајде се она што е трага се она што може да послужи како доказ. Сето тоа да се подигне, да се разговара со многу луѓе”,
-рече вечерва во емисијата на МРТ 1 Проф. Д-р Злате Димовски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Миџкалис Рохас се сретна со невладини организации за да го презентира Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
Обвинение за организација на борби со кучиња
Лишена од слобода радовишанка поради лажна дојава за бомба во училиште во Радовиш, поднесена е кривична пријава