Во општина Охрид, беше претставена Андроид-апликацијата „swmacedoniaattractions“- ( атракциите во Југо- западниот регион на Република Македонија),пред претставници на секторите за развој, туризам и транспорт од општините Охрид и Струга.
Апликацијата ја изработи Центарот за развој на југо-западниот плански регион во соработка со тимот на фирмата ГДИ од Скопје, а со поддршка ма меѓународната донаторска заедница. Апликацијата е наменета за посетителите во регионот и нуди можности за запознавање со природното и културното богатство, при што се поставени стотина значајни локалитети.
Преку нив се нудат и можности за развој на планинарење, велосипедизам, скијање и други рекреативни активности.
Со овој проект ќе се овозможи брзо и ефикасно решавање на локалниот транспорт, со што ќе се олесни движењето на граѓаните, но и домашните и странските туристи.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одржан онлајн состанок со претставници на Европската комисија за Реформската агенда и Планот за раст
Николоски: Воена болница станува најмодерна во државата, целосно ја реконструиравме болницата “8-ми Септември”
Ристески на Конференцијата за МСП во Будва: Науката и бизнисот мора да имаат поголема соработка, истражувањето е алатка за правење постабилни, попаметни, поконкурентни и позелени бизниси