„Македонската челична дама“ , монографија посветена на Светлана Антоновска што свечено беше промовирана во локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес.
Книгата на Иван Антоновски ја промовираше проф. д-р Златко Жоглев кој истакна дека присутните можат да уживаат проследувајќи го делото во кое е опфатен севкупниот период на работењето и дејствувањето на Светлана Антоновска, истакната политичарка, научник, општествен деец и синоним на македонската статистика.
„Таа е предводник на процесот на трансформација на македонската статистика и втемелувач на европските стандарди во неа.
Антоновска е основоположник на современата статистика во самостојна Република Македонија и прв директор на Македонскиот завод за статистика по осамостојувањето на државата“
– изјавил Жоглев.