Денеска тракторите и останатата земјоделска механизација беа невообичаени гости на Градоначалникот на Општина Карбинци Јордан Насев.
Причината беше протестот кој што жителите на оваа рурална општина го организираа во дворот на општинската зграда против ископот на речен песок од коритото на река Брегалница.

Засегнатите граѓани кои протестираа пред Општина Карбинци се спротивставуваат (како што велат) на противзаконскиот нелегален ископ на песок од речното корито кој што го прави приватна фирма која што е во блиски роднински односи со градоначалникот Насев.
Овој протест е еден во редицата на вакви протести со кои што жителите на Карбинци го изразуваат своето несогласување со оваа појава која ја сметаат за штетна и против интересите на заедницата.
Сличен ваков протест се одржа во почетокот на октомври за истиот проблем на кој што очигледно локалната самоуправа не можела да најде решение.


Претходно од страна на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Карбинци упатија отворено сомневање во јавноста за можен скандал околу концесијата за вадење на речен песок од речното корито на реката Брегалница на територијата во општина Карбинци
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Кочани донираше 3 милиони денари на Црвен крст – помош за настраданите во несреќата
ДЗР: ЈП „Исар“ Штип се соочува со финансиски и еколошки предизвици, поради што генерира со 60% загуба на вода, 25,2 милиони денари обврски и отсуство на дозволи
Во Делчево куче каснало малoлетничка, сопственикот на кучето заработи кривична пријава