БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Протести за поддршка на тројцата приведени лица од Карбинци за наводното одгледување марихуана

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По вчерашната бомбастична најава на МВР за заплена на над 15 илјади стебла марихуана и лишувањето од слобода на 3 лица од Карбинци, вчера попладне на протест излегоа жителите на селото во поддршка на “бесправно обвинетите лица”.

Од учесниците на протестот можеше да се слушнат повеќе аргументи за тоа дека марихуаната за која се теретат приведените лица диво во природата расте низ целата општина Карбинци и дека луѓето кои што се приведени се чесни и работливи и егзистираат од земјоделие.

За денеска со почеток во 16.00 часот повторно е организиран протест за поддршка на неправедно приведените лица.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За протестот информираше и градоначалникот на Карбинци Виктор Паунов, кој и вчера беше помеѓу своите сограѓани на вчерашниот протест.

“Денес 15.06.2022год. во 16:00ч во село Карбинци ќе се одржи протест за поддршка на нашите сограѓани кои беа осомничени акцијата на МВР.

Во Карбинци живеат чесни луѓе и бараме правдата да излезе на виделина! ⚖️

-напиша на социјалните мрежи Виктор Паунов- Градоначалник на општина Карбинци.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace