Министерството за култура како што стои во нивното соопштение, ги објави финалните резултати од Годинашниот конкурс за финансирање на проекти со средства од државниот Буџет.
Првичната распределба предизвика жестоки реакции, по што незадоволните се жалеа.
Меѓу тие што реагираа оти беа одбиени па сега добија средства се Стрип Центарот на Македонија со седиште во Велес, кој за меѓународниот стрип салон и стрип колонијата добија 120 илјади денари и ансамблот Керамичар кој доби 100 илјади денари за годишниот јубилеен концерт 100 илјади денари.
Трите манифестации за кои локалната власт, конкурираше преку здруженија на граѓани останаа без средства – Фестивалот на античка драма ,,Стоби,, преку ,,Импакт,, меѓународниот фолклорен фестивал ,,Велес,, преку ансамблот Коле Неделковски а ,,Рациновите средби,, останаа на претходно издвоените 105 илјади денари, преку Клубот на писатели ,,Кочо Рацин,,. И велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов, и покрај реакациите остана со 2,5 милиони денари за три премиери.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Две дами во кадифено: Министерката Божиновска денеска се сретна со амбасадорката на САД Агелар
Просториите на ФФМ како слика за наследените состојби во сите сфери на државата
Креирање на долго очекуваните реформи во образованието заедно со младите