БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Радио Телевизија Црна Гора: -Институциите во Македонија пример за одговорност во регионот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Јавниот медиумски сервис на Црна Гора “Радио Телевизија Црна Гора” (RTCG) посветува значајно внимание на случувањата околу настаните со трагедијата во Кочани.

Во Извештајот на оваа најголема медиумска куќа во Црна Гора се вели дека Македонската влада со брза, навремена и посветена реакција, по трагедијата во Кочани, покажала пример за одговорност за целиот регион и земјите на Европската Унија.

“Додека во некои земји во регионот жртвите и нивните семејства со години чекаат правда, Македонија покажа дека институциите можат да дејствуваат брзо и одлучно.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

По трагедијата во Кочани, каде што животот го загубија 59 лица во пожар, надлежните веднаш ги презедоа потребните мерки – без одлагање започна истрага, одговорните беа уапсени, а на највисоко ниво беше организирана помош за настраданите и нивните семејства.

Во регионот често сме сведоци на долги процеси, каде институциите не носат конкретни одлуки со месеци, па дури и со години. Во Македонија, напротив, правдата не доцни – веднаш се воспоставува отчетност, а институциите покажуваат целосна посветеност на транспарентноста и законитоста.

Посебно внимание заслужува брзината на спасувачките екипи – на местото на несреќата пристигнаа медицински екипи во рекордно време, а државните болници обезбедија итна и квалитетна помош за повредените.

Додека во другите земји јавноста се соочува со фрустрација поради бавноста на институциите, Македонија покажа како треба да функционира одговорен систем – со брза реакција, јасен став дека нема да има толеранција за неодговорност и подготвеност веднаш да се преземат сите неопходни мерки за заштита на граѓаните.

Најмалку 59 лица загинаа, а 155 се повредени во пожар во градот Кочани, Македонија, што се случи ноќта меѓу саботата и неделата.”

-се вели во извештајот на RTCG за случувањата поврзани со трагедијата во Кочани.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace