БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Реализирани 520 проекти за 3 години мандат на градоначалникот на Гази Баба. Но она што го чини Боби Стефковски најуспешен е нешто друго

Пренеси го гласот

Во “предвечерие” на финишот на мандатите на градоначалниците ширум Македонија со навршени 3 години од превземањето на функциите на последните локални избори во 2021 година, пополека треба да се направи ретроспектива на нивата работа и реализирани и нереализирани проекти за кои гласаа граѓаните.

Она што можеби е најважно за успехот на еден градоначалник е неговата посветеност на работата оценета низ призмата на задоволството и перцепцијата на граѓаните. И тука доаѓаме до тајната на успехот на еден градоначалнички мандат!

Следејки ја внимателно работата на речиси сите градоначалници од Македонскиот политички кампус изминатиот период, она што е впечатливо е изразената разлика во суштината и вредноста на реализираните проекти кои што треба да обезбедат на крајот на денот подобар животен стандард за граѓаните. А токму таа суштина на реализираните или нереализираните проекти се рефлектира во поделеност помеѓу градоначалниците во однос на нивните успеси или неуспеси.

Од скопските градоначалници чија што успешност се темели на солидните буџети кои ги имаат на располагање во споредба со финансиските потешкотии на одреден број градоначалници во периферијата на државата, многу тешко може да се искристализира пиететот за најуспешен градоначалник во рамки на актуелниот мандат. Во очи на вистината околу дебаклот на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, во тесна битка се неколкумина скопски градоначалник за да ја понесе таа титула за најуспешен.

Секако секој градоначалник си има свои адути за дефинирање на нивниот квалитет на работа, но она што за мене предничи како квалитет на успешност е токму посветеноста и фокусот на градоначалничката работа, без расплинување на терен со непотребни политички флоскули, недостојни конфликти и политички спротивставености.

А токму по тие квалитети грдоначалникот на општина Гази Баба предничи пред сите останати.

Градоначалникот Боби Стефковски не е човек кој што во јавност ќе го видите да влегува во политичка борба… неговата политичка борба е реализацијата на неговата програма и службата на своите граѓани… за него сите граѓани на Гази Баба се луѓе од кои го црпи легитимитетот, па дури и оние кои не гласале за него. Функцијата Градоначалник е функција која обединува а не работа која раздвојува. И токму тука Градоначалникот Боби го има својот најсилен адут за успешност барем во моите очи.

Секако за тој впечаток да биде на највисоко ниво во основа лежи реализацијата на зацртаната програма, но и посветеното решавање на сите тековни проблеми кои што произлегуваат од природата на неговата работа. Содејството со советниците во Советот, партиципативното учество на граѓаните во процесот на донесување на одлуки, присутноста на терен помеѓу граѓаните, балансираниот афирмативен пристап кон медиумскиот простор… сите овие индикатори се квалитети кои што одат во прилог на Градоначалникот Боби да биде нареден на пиадесталот за најуспешен градоначалник на Скопје.

Секако имав прилика во изминатиот период да бидам и во контакт со граѓани на општина Гази Баба од повеќе населби во општината, кои што ги потврдуваат овие тези за посветеноста на работата на нивниот градоначалник.

Секако тоа е моја лична субјектувна перцепција иако е базирана на пошироко аналитичкко сондирање на неговата работа и впечатокот кој што го има оставено кај случајно избрани репрезенти на граѓаните на општина Гази Баба.

И токму во тој дух на посветена и достојна работа за граѓаните на Гази Баба градоначалникот Боби Стефковски сношти имаше претставување на својот Отчет на 520 реализирани проекти за неговиот досегашен три годишен мандат.

И како врв на целото негово претставување тој својата работа ја базира на Господова промисла што е исклучителна вредност на еден демохристијанин кој што својот легитимитет го црпи од народот.

❤️БЛАГОДАРАМ МОЈА ГАЗИ БАБА!

🙏Среќен сум што Господ ми даде можност да бидам градоначалник на овие луѓе!

✌️Благодарам до секој еден граѓанин кој вечерва беше дел од настанот за кој долго ќе се зборува!

✅Реализиравме 520 нови проекти кои донесоа подобар и поквалитетен живот за граѓаните во општина Гази Баба.

🙌Мојата порака до граѓаните е: не ја губете надежта во подобро утре, бидејќи изминатите три години на дело покажавме како се работи и како се реализираат проекти!

👏Благодарам до пратениците Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски, Дијана Илиевска, министерот Златко Перински, заменикот министер Ерџан Селими, директорката на УЈП Елена Петрова, директорот на државен пазарен инспекторат Влатко Стојкоски, директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Луке Галевски, националните координатори на Владата Лилјана Затуроска, Влатко Ѓорчев и Верче Мицевска, Советникот на премиерот за социјална политика Лазар Јовевски, како и Слободанка Цеповска, Цеце Бајрактарова, Зоран Ставревски, Марјан Милошевски и сите други државни функционери кои вечерва присуствуваа на нашиот отчет.

‼️Да живее нашата Гази Баба!

🫶Доаѓаат подобри времиња!”

-напиша на фејсбук Градоначалникот на општина Гази Баба Боби Стефковски на настанот за претставувањето на неговиот Отчет за неговото тригодишно работење.

Креирано од:


Пренеси го гласот