БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Рецензија: 21 Век LP- Актуелноста низ непретенциозна и вообичаена меланхолична мелоритмика и стиховност

Пренеси го гласот

Она што се чини лесен “залак” за слушање во прво бустање на одамна покриените звучници под зачмаена прашина, пополека станува неминовно секојдневие и желба за повисока суштина затскриена во привидната едноставност и чудната леснотија на музичкиот израз.

Наивност на цел еден народ, со вистини кои болат но само за да го челичи духот на македончето кое седи пред маалска кооперација и кибицира низ секојдневните мантри на зачмаеност и безживотност.

Тоа е една генерална олицетвореност и општ приказ на она што се нарекува “21 vek LP”- издание на истоименото трио кое е издадено во виорот на предреферендумскиот молк на 28-ми Септември во 2018 година година.

Структурно гледано деветте песни на оваа лонгплејка го имаат истиот аранжерски белег која се пресликува од песна во песна како намерно да сакале креаторите на овој музички потфат да создадат една поврзана целина во една приказна низ која едноставно ќе бидат упатени пораки.

Но, не пораки кон целиот свет одеднаш, туку до секој поединец посебно. Преслушувајќи го изданието во последните 2 недели уште од денот на неговата објава на ден по повеќе пати, слушателот сваќа дека станува се позависен и позависен од вообичаеноста на  музичкиот израз кој влегува во зачмаените дамари на сопствената потсвест и пополека почнува да создава нов простор за живот од вакумот на цитоплазмичните меѓу простори. И тогаш сваќаш дека идејата може да создаде нова живост, да те покрене од удобната фотелја за да видиш дека на светот му недостасува твојата иницијативност.

“Дај ми колкови” започнува како пукање на меур од сапуница во кој се насобрала темнината до фаза на неодржливост. Каква дежавуираност! Повторно и повторно станете да Ви освобода. Станете и заиграјте е пораката. А играта да да ти била непрекината борба…

И таму некаде во таа првична наивност на бунтовниот дух, колеблукот во тебе сваќа дека можеби не си ти за тоа што потсвеста ти вика дека треба да го направиш. “Ќе завршам под мостот” претставува борба со личната суета и возобновува една многу добро позната социолошка алегорија на себе-егзистенцијализам кој бил причина за речиси сите Македонски востанија на кои се темели Македонската историја.

А тогаш секако бараш помош од поголемиот брат (Караманов Ацо) или непрокопсаниот учител, за средување на сопственото “модерно” секојдневие… Не е важно кое е прашањето, важни се безвезалните одговори од типот на некаков број за кој поим немаш зошто е измислен.

Највпечатлива по својата лирика и длабочина на звукот кој произлегува од упорното преповторување на музичките целини на песната е насловот “Последниот легнува на бомба”. Ми се чини дека песнава го заробува умот во една временска конзерва од која едноставно не сакаш да излезеш. Заробен си и ти е убаво. Легнуваш на таа толку фамозна бомба за повторно и повторно да се родиш низ светлината на очите на некој друг-ти.

bregalnickimarketing

Политичката обоеност и општествениот контекст поврзан околу напливите на актуелната власт за промена на името на државата на оваа музичка нераскинливост и’ даваат релевантност и претставуваат патоказ за излез од лудилото во кое еден обичен Македонец се обидува да си го најде сопственото место под сонцето, во прилики такви какви што мајсторите на кукларството мислат дека можат да ги оформат.

Но ова е земја во која отсекогаш течеле  пот, вино и ракија како народен лек за она што се вика негирање на самопрепознавањето.

И да! Точно е дека секој што се обидел да не раздели и пороби завршил токму така: разделен и поделен и распарчен….

“21 Век LP” е музички производ за обичните луѓе, млади дечки кои сватиле дека суштината на ова наше секојдневие е дека нема суштина. Бродови пуштени во океан на ветрометина која не се знае кој ја создава.

Васко по којзнае кој пат покажува зошто на себе го носи приматот за еден од најпродуктивните музички творци во државичкава наша страдалничка. Тука совршено свој личен белег и придонес кон оваа never ending story даваат неговите браќа по уникатност Раде Јордановски и Дени Крстев.

Изданието е направено за продукцијата “Балкан велики”

Креирано од:


Пренеси го гласот