Реченицата “Топол ден за умирање…” -звучи премногу фатално за да биде вистинита…
“Таков сум, благословен од вечноста… Ве оставам во прав и заборав”-реченицата е премногу пак самобендисана и нарцисоидна, но сепак вистинита.
Кузман-“Човекот кој не може да умре” може да биде било кој од нас-крвоток кој непресушно тече низ космосот-човечкиот микрокосмос, низ дамарите на суштественото ЈАС.
Себеспознание без конфликт со надворешноста, а во вечна војна со самиот себеси…

Ова погоре би можело да биде пролог пред прологот на овој (за мене) култен филм, кој плени со својот раскош и богатство. Богатство на реплики, музика, сценографија, актерски подвизи и авторски кошмар за фаталното утре. Она од кое сите ние се плашиме…
Смртта, тоа е секој од нас…
Бесмртноста е наменета само за “избраните”.

Филмот започнува во апокалиптичната 2019 година, некаде на отворено, во пустелија… Искинатото знаме на ѕвездата од Вергина изгледа премногу пророчки и визионерски… Убивајки човек, му прават услуга… Банда на изгубени души кои како да излегле од некоја пародија на нечиј заборав. И сето тоа изгледа толку сериозно што боли на душата…

Музиката на “Архангел”-от Вртев е само длабока воздишка во празно на феноменалниот горостас на иконографијата, бунтовноста и авангардата во македонската поп-рок култура од 80-те и 90-те години на минатиот век… Век- 20-ти по ред.
Немајки каде да побегне, стуткан во својот гроб, после неговото божем-убиство, налетува ликот на Берберот, кој му нуди на Кузмана билет во еден правец за излез од неговата агонија: Осуденик на вечноста… А на билетот пишува “Тони Михаловски” т.е. “Човекот со зелена коса”, кој го чува ѕидот со записи на судбини, на кој Кузман ке ја прочита сопствената: Начинот на кој може да умре….
Инцестот како една од црковно- најнеморалните придобивки на човековото постоење, секако не треба и не смее да биде тема на табуизирање, но сепак во филмот кој тврдоглаво бега од сите до тогаш познати клишеа на македонскиот филм, длабоко и премногу дрско ја дразни суетата на ортодоксниот македонец, кој се крсти во разно-разни светци и светии… Ако поентата била да се разбуди духот на времето и зачмаеноста да се претопи во омраза која раѓа поделби, тогаш “стрелата го погодила центарот”.
Вториот секвентен дел во филмот е значително пократок од другите два…Надри-документаризмот и лекомисленоста за создавање на филмувани фотографски материјал кој случајно се погодил да биде снимен, во свадбарски фазон, изгледа како ругање над немоќта на технологијата, да биде далеку посуштествена во креирањето на историјата. Повторно инцест (можеби првиот на Балканот) и тоа токму во Македонија (срцето на тој Балкан). И како што обично бидува, сите се сите се запукуваат со што ке најдат, и гинат за една минорна идеја, на замозадоволување со што дал господ….За после некој надри-историчар да запише дека загинале за доброто на народот. (Добро ова последново го измислив, не е воопшто така во филмот прикажано, ама според некоја сопствена интуиција претпоставувам дека и такво нешто постои во нашата “богата” историја). Епа наздравје бричење…Упс пардон фотографирање…Ке изјави немо Берберот кој повторно се појавува во оваа сцена.
Е сега третиот дел од филмот е толку футуристички што едноставно на адолесцент од 90-те години на минатиот век, му изгледа “све-мирски”. Неговото величество г-динот БитлЏус (читај Игор Џамбазов), дава еден турбо вовед во овој трет и последен дел од филмот кој е поместен неколку моменти пред отчукувањето на 12 часот вечерта 1999 година на 31-ви декември. Музиката нормално како што доликува: Ретро панк од крајот на 70-тите. Пак насилство, пцуење, голотија, перверзија, крв до колена, парчиња од човечко тело и по некоја “паметна дума”.
“Је*и га”! Судбина….
Ми се чини дека овој филм е добро и препорачливо да се гледа пред нова година, како новогодишна ретроспекција на последната година од минатиот век, со цел да се запрашаме себеси: Зошто по ѓаволите воопшто и ни е потребна новата година?….
Филмот е документ на една можеби загубена генерација на уметници и уметнички сензибилитет, кои во денешно време (2012 година) не се доволно ценети и впуштени во виорот на бескурпулозниот капитализам, на трка по комерцијализација и вредности ала турбо фолк магистрала-та Србија-Грција и се уште неизградениот коридор Црно море-“Живела Албанија”-море. Вреди за сите пари инвестирани во него…
Министерски.
П.С.Никако филмот не треба да се свати негаторски. Зошто на крај ке излезе дека и сами себе се негираме.
Режија: Митревски Дарко, Поповски Александар
Сценарио: Митревски Дарко, Поповски Александар
Директор на фотографија: Самоиловски Владимир
Монтажа: Јакониќ Петар
Продуцент: Митревски Дарко
Главни улоги: Јовановски Владо, Куновска – Матевска Софија, Михајловски Тони, Ристановски Никола, Ристовски Лазар, Рубен Емил, Темелковски Петар
Споредни улоги: Ангеловска Ѕвездана, Арсовски Петар, Бабиќ Марин, Велјанова Лилјана, Ветерова Искра, Гоговски Ристо, Дуковски Ацо, Дуковски Самоил, Ендровски Владимир, Јосифовски Јосиф, Крстевски Младен, Кујача Николина, Леви Нино, Поп-Христов Кирил, Ристиќ Ирена, Стефановски Илко, Стојанова Милица, Стојановски Ненад, Трпкова Синоличка, Џамбазов Игор
Музика: Вртев Ристо
Напомена: Рецензијава е пишувана во 2012 година за порталот DelcevoGlobalOnline, но нејзината актуелност не е на одмет и денеска.
Автор на рецензијата: Рееволуционер.
Погледајте го филмот во продолжение:
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Штетничката влада на СДСМ и ДУИ донела противуставен закон кој во критичен момент ја поништува октроираното судство за да се продлабочи кризата во предизборна година
Како СДСМ повторно сака протестите на граѓаните да ги искористи за сопствени политички цели?
За живот после смртта