БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Само голем човек, може да го препознае потенцијалот на Гордана, Игор Дурловски, Кедев, Борко Ристовски, Гоце, Влатко, Јанко, Владимир, Даме…

Пренеси го гласот

Република Македонија од секогаш имала големи луѓе, големи умови. Луѓе чесни и честити, патриоти, со отворен ум и далекугледи во иднината. Тие луѓе, често пати биле потиснувани и туркани на страна во секојдневието и во политиката, во креирањето на иднината и подобрувањето на квалитетот на жовотот. Кога пак, се вмешувале во заштитата на националните интереси и се впуштале во борба за Македонските работи, тие биле затварани, исмевани, понижувани.

Време е да се промени тоа.

ојдено е време да им направиме простор на тие Македонски великани и како луѓе и како големци секој во својата област, но и на секој еден добронамерник на Македонија, да застане пред нас или до нас и заедно да му се спротиставиме на уништувањето на се што е Македонско. Да му се спротиставиме на геноцидот и етноцидот кои ни се случуваат, на криминалот кој го прави власта, на се поголемото осиромашување на народот, на психолошкиот притисок и угнетувањето, на работите кои ни се грдо секојдневие.

Дојдено е време да престанеме да го вртиме погледот на страна, да се погледнеме во очи и секој од нас да го даде најдоброто од себе и да направиме се за Обнова на Македонија!

Само голем човек, каков што е Христијан Мицкоски, може да го препознае моментот, но и потенцијалот на Гордана Силјановска, Игор Дурловски, Сашко Кедев, Борко Ристовски, Гоце, Влатко, Јанко, Владимир, Даме и редица други големи Македонски умови и родољуби и да ги повика во заедничка обнова на Македонија!

Да се сплотиме сите кои ја сакаме Република Македонија, без разлика на нашата партиска или етничка определба и заедно да учествуваме во нејзината обнова. Обнова која ќе биде и тешка и мачна, но ќе биде вредна. Затоа што за Македонија се работи. За добра и посакувана иднина на Македонија.

Фејсбук статус на Димитар Димовски– член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Креирано од:


Пренеси го гласот