Откако Фуркан Салиу изнесе повеќе наводни документи кои што според новинарот потекнуваат од ВМРО-ДПМНЕ а потоа СДСМ преку партиски прес конференции и соопштенија ја пренесоа оваа информација, сега СДСМ излезе со повторна прес конференција на оваа тема со која бараат одговорност од институциите за ваквиот според СДСМ скандал.
Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата на Даниела Колева, пратеничка на СДСМ која повторно ја афирмира оваа тема во јавноста:
“Почитувани граѓани,
Скандалот со лажните анкети покажа дека постои спрега помеѓу ВМРО-ДПМНЕ, државната телевизија и општини под капата на оваа партија.
ВМРО-ДПМНЕ ги применува истите форми на делување и злоупотребување на државните ресурси како и пропагнада од најславните денови на Никола Груевски.
Тоа значи и еден систем на злоупотреби за кои мора да има одговорност и постапување од надлежните институции.
Во документите од оперативен план на ДПМНЕ меѓу задолжените за креирање емисија два пати неделно со анализирање на анкети од ИПИС, со повикување аналитичари, со отворање дувла е наведен и директорот на националниот сервис.
Националната телевизија МТВ е платена со пари од граѓаните и не смее да биде дел од партиски агенди и пропагандистички активности.
За градоначалниците на ДПМНЕ пак е предивдена „обврска“ кон Владимир Божиновски.
Затоа за овој скандал потребно е постапување на сите законски надлежни институции.
Почитувани граѓани, ова е уште една потврда дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило.
Тоа е истата партија која ја урна слободата, ја зароби државата и која повторно и повторно сака да го прави истото.
Затоа продолжувањето по европскиот пат е многу важно за слободата. Не смееме да дозволиме враќање назад.
Слободата, а пред се медиумската слобода, е основа за развој и напредок на државата. И токму затоа не смееме да дозволиме да ја изгубиме.
На овие избори граѓаните треба да одлучат дали ќе дозволат враќање назад, новите фабрики на лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ да се институционализираат, а пропагандите да го поделат народот и да го држат во страв.
Или да направиме нов чекор кон полноправно членство во ЕУ, кон врвна слобода и функционални институции.”
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
За СДСМ и Филипче Предлог-Буџетот на Владата бил документ без визија и креативност
СДСМ бара отварање на нова времена депонија за комунален смет во Кочани
Размена на искуства и позитивни пракси од најелитните полициски сили на Унгарија за Македонската полиција