БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

СДСМ Македонска Каменица во сериозна паника со фотомонтажи сакаат да го дискредитираат Џими

Пренеси го гласот

На веб сајтови регистрирани во странство, кај кои многу тешко може да се утврди кој е сопственикот на сајтот и личноста што објавува информации се појавија фото монтажи од наводни вибер разговори на кандидатот за градоначалник на Македонска Каменица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Димчо Атанасовски Џими. Во овие фото монтажи на кандидатот за градоначалник на опозиоцијата му се импутираат зборови со кои што луѓето што ги објавуваат ваквите информации се обидуваат да го дискредитираат во јавноста со што владеачката партија би профитирала политички на изборите во недела во рамки на вториот круг за избор на градоначалник на Македонска Каменица. Потоа ваквите лажни објави чиј што извор тешко се утврдува се превземаат од страна на активисти на владеачката СДСМ и се споделуваат преку социјалните мрежи оркестрирано, со што сакаат да постигнат ефект на повеќе пати кажана лага да ја претворат во вистина.

Аматеризмот и неспособноста на ваквите оркестрирани конструкции за манипулација произлезени од кујната на владеачката СДСМ која што е опонент на изборите, врз гласачите оди до таму што во наводните разговори на Димчо Атанасовски- Џими кои не постојат и се дел од графички инжинеринг се користи фотографија на Џими која што тој ја има поставено на фејсбук но не и на Вибер чија што комуникација наводно е земена од таму.

Димчо Атанасовски по окрупнувањето на широк фронт на опозицијата во МАкедонска Каменица кое што беше објавено во изминатите неколку денови е сео сериозно водство во поддршката пред кандидатот за градоначалник од СДСМ Соња Стаменковски.

Дали ваквите конструкции и обиди за манипулација врз неговото величество гласачот во недела ќе влијаат на резултато кој што е во корист на кандидатот на опозицијата останува да видиме, но едно е јасно:

Про-владините центри за манипулација на јавноста се во сериозна паника штом прибегнуваат кон вакви методи за дискредитација на нивниот противник во Македонска Каменица и покрај потпишаниот кодекс за фер предизборна кампања и лажните декларативни определби на СДСМ во јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот