БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

СДСМ по поразот во првиот круг од Локалните избори соопшти: Од овој момент, постапуваме по насока која ја дава народот

Пренеси го гласот

Во свое соопштение владеачката партија СДСМ по лошиот изборен резултат кој го забележаа кандидатите за градоначалници и советници на партијата најави дека ќе го слушаат ставот на граѓаните и дека партијата ќе се менува после ваквата критик.

“Продолжуваме да работиме посветено, заедно за доброто на граѓаните.

Пред нас имаме друг предизвик. Граѓаните ни упатија критика. А, ние тој став го слушаме и го уважуваме. Свесни сме дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки.

СДСМ ги слуша луѓето, не гази врз нив. СДСМ учи од грешките. Постојано се менуваме и ги поправаме грешките за да обезбедиме подобар живот за граѓаните. Ние сме демократска партија која се менува после критика.

СДСМ од понеделникот влезе во процесот на унапредување на комуникација со граѓаните и на тој начин стануваме уште подостапни за народот и ги зајакнуваме механизмите за брз одговор на сите потреби. Од овој момент, постапуваме по насока која ја дава народот.”

-соопштија од владеачката СДСМ во нивното соопштение до јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот