СДСМ продолжува да врши поткуп на гласови за локалните избори.
Денес е предизборен молк, а утре се гласа во вториот круг од локалните избори.
Како што дознаваме, СДСМ денес дели пари во населбата Баби во Штип.
Освен што вршат поткуп за гласови, СДСМ денес продолжи и со закани и уцени, како што тоа го правеше во првиот круг од изборите.
Потсетуваме дека денес СДСМ прекршувајќи го изборниот молк делеше флаери во скопските општини Кисела Вода и Гази Баба каде утре се гласа за градоначалник на општините. Истовремено, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски од СДСМ денес беше на терен во Пробиштип, а постои основан сомнеж дека тој на лице место вршел притисок за утрешните избори.
Извор:Курир