Безидејноста на СДСМ со нивните јавни настапи е одлика на внатрешните состојби во партијата која е заробена од неколкумина функционери кои ја наследија партијата од Зоран Заев и неговиот поклоник Димитар Ковачевски.
Сега во таква состојба СДСМ се обидува преку “фрлање во оган” на непознати лица кои со напишани текстови на прес конференција шират отровна партиска реторика со манипулации во јавност за да се обидат во пресрет на локалните избори на било каков начин си ја подобрат политичката состојба и кредибилитет кои сами си ги урнисаа со нивното екстремно штетно работење додека беа на власт.
Ваквите обиди на СДСМ да се наметнат во јавност, од владеачката ВМРО-ДПМНЕ и именуваните лица во владата најотворено ги разобличуваат со егзактни аргументи кои се поткрепени со бројки и документи кои што говорат за заштеди, законско работење и што е најважно обезбедување конкуренција преку која се намалуваат цените на услугите од приватните економски оператори во споредба со оние во времето на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ го напаѓа директорот на СОЗР, Ивица Томовски бидејќи ѝ заштедил на државата пола милион евра. За обвинувањата на Мартин Костовски, од партијата на Христијан Мицкоски велат дека споменатото лице околу изборот на фирмата за обезбедување на државните објекти не е роднина на Томовски.
Во соопштението упатено до јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ најотворено се разобличуваат лагите и манипулациите од штабот на СДСМ кои како давеник се фаќаат за сламка на единствен начин кој што тие го знаат.
СДС се фатени живи, штитат бизнис интереси вредни пола милион евра годишно, валкањето имиња со криминалци е опсесија на Филипче, тоа е исто како да кажеме Филипче, Штекли и Шеваљ дилаат дрога
СДС бранат криминал и го напаѓаат Томовски зошто заштедил на државата пола милион евра. СДС се фатени живи, штитат бизнис интереси вредни пола милион евра годишно.
Споменатото лице не е роднина на Томовски.
Што се однесува до споменувањето на некои лица коои се поврзани наводно со криминал, а се доведени во конотација со Томовски, тоа е исто како ние да кажеме дека на Филипче роднина е Раде Штекли и зошто го штител, и дали заедно дилале дрога. Но, очигледно за СДС, не е проблем да продолжат како до сега да лажат и да штитат криминалци, и за разлика од СДС, ние не шпекулираме туку се служиме со факти и прашуваме. Го прашуваме Пеце Мирчевски екс директорот на СОЗР, каде оделе половина милион евра годишно или за 6 години 3 милиони евра кои сега Томовски ги заштедува, дали е точно дека завршувале кај тандемот Зечевиќ Ковачевски, претходно кај Заев, а дел во партиската каса?”
-стои во сооптението на ВМРО-ДПМНЕ упатено како реакција на пресот на Мартин Костовски од СДСМ кој што денеска на прес-конференција упати неколку прашања со инсинуирачка содржина се со цел да се обиде да ги доведе во заблуда граѓаните. Тој воедно побара од надлежните да отворат истрага за случајот и да го разрешат Томовски од функцијата.
-Дали лицето Дарко Гашиќ, негов роднина, кој има регистрирано фирма на иста адреса со подружницата на „Праеторион ДООЕЛ“ во Охрид, имал проблеми со законите во соседна Србија? Дали неговиот роднина, Дарко Гашиќ бил уапсен во Србија, заедно со уште 9 други лица, осомничени дека извршиле убиство? Дали Гашиќ викан Праки учествувал во крвава пресметка меѓу две криминални банди во Белгард на 10 ноември 2008 година која резултирала со двајца загинати, кажа тој на прес-конференција.
Костовски во неговиот прес во прашална форма изнесе податоци и инсинуации и за уште “скандал”, кој, како што вели, е поврзан со Томовски.
Фирмата „Праеториан“ од Скопје заедно со „Фил-руж“ од Свети Николе ќе врши „физичко, техничко и патролно обезбедување на објекти на државната управа“ во следните три години за сума од 187 милиони денари или околу три милиони евра. Тендерот е спроведен од владината Служба за општи и заеднички работи. Одлуката за избор на најповолен понудувач е донесена на 23 декември 2024 година, а во меѓувреме е потпишан и договорот.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Синдикални играрии: Митревски- Трендафилов е нелегитимен претставник на „ССМ“
Премиерот Мицкоски во посета на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини – поддршка за стабилен и одржлив енергетски сектор
Гевгелија е град на културата за 2025 година