БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Се гради пристапен пат во месноста Цацков Бунар

Пренеси го гласот

Во месноста викана Цацков Бунар,во тек е пробивање и тампонирање на пристапен пат со кој за жителите и стопанствениците од тој дел на општината се обезбедува сообраќајна врска со експресниот пат Кочани – Крупиште – Штип.

Според проектот, пристапниот пат е со должина од 425 м и ширина од 4 м. Изведувач на работите е „Стојменов“, а средствата во износ од околу 790.000 денари се од општинскиот буџет.

Стручните служби од Општина Кочани истакнуваат дека оваа патна релација е времено решение за пристап до експресниот пат, бидејќи Општината изработува урбанистички проект со што ќе се добие поквалитетно сообраќајно решение. 

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот