Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Се очекува премиера на римејкот на култниот филм “Гавранот” [The Crow]

Пренеси го гласот

Продукцијата на новата екранизација на култниот филм “Гавранот” започна во јули 2022 година со Бил Скарсгард во улогата на Ерик Крејвн ака Гавранот. Во текот на 10 недели снимање екипата на филмот за гитаристот кој се враќа од задгробниот живот со помош на гавран сега со натприродни моќи за да ја одмазди смртта на својата најсакана свршеница, ги посети Минхен и Прага како локации каде што се снимаше оваа готска-трилер-акција.

Во 1994 година во првата филмска екранизација на оригиналниот стрип материјал создаден од Џејмс О Бар а во режија на Алекс Проја во насловната улога настапи Брендон Ли- синот на Брус Ли, кој што загина на сетот на снимањето на завршните сцени од филмот од куршум кој што бил подметнат помеѓу ќорците кои служат за филмски потреби.

Оригиналниот филм со Брендон Ли и ден денес е недостижна филмска магија за светот на Гавранот и сите негови наредни продолжетоци во форма на догометражни филмови и серија се неспоредливо потфрлување во споредба со оригиналниот филм базиран на стриповска приказна од крајот на 0-тите годни од миатиот век. Продолженијата како и самиот оригинал поради смртта на Брендон Ли го следеле несфатливи негативни настани во форма на проклетство до ден денешен. За улогата на Ерик Дрејвн биле ангажирани многу славни актери но сите се повлекувале уште на почетокот имајки го предвид фактот на култен статус кој го носи оригиналниот филм со Брендон Ли со себе.

Како ќе ја заврши својата работа Бил Скарсгард во најновата екранизација останува да видиме.

Снимањето е веќе завршено и филмот е влезан во постпродукциска фаза а неговата светска премиера се очекува во првата четвртина на оваа 2023 година.

Креирано од:


Пренеси го гласот