БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Се познава градоначалник чиј лигитимитет извира од народот. Миле Петков започна интензивна акција за соработка со граѓаните

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Виница Миле Петков во текот на вчерашниот ден реализираше посета и повеќе средби со граѓани на селото Истибања. Ваквата посета е дел од неговите политички определби за постојана и интензивна соработка со граѓаните на секојдневен план, во интерес на остварување на поквалитетни проекти кои се од интерес и во функција на граѓаните.

“Од вчера со посетата на с.Истибања започнавме со средби со месните и урбаните заедници во населените места и градот, а наредниот период ќе продолжиме и во сите населени места и делови од градот.

Во рамки на посетата, разговаравме за тековните и идни активности и проекти за Истибања, како и за тековните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

✔ Изминатиов период во с.Истибања значително ја подобривме комуналната хигиена и одржувањето на зелените површини, беа поставени канти за отпадоци во паркот и на потегот од училиштето до паркот, на овој потег поставени се и безбедносни сообраќајни столбови и заменети се оштетените бетонски плочи поставени помеѓу тротоарот и меѓународниот пат за Р.Бугарија. Заменети се олуците во училиштето, донесовме проектна програма и аплициравме за Проектно-техничка документација за целосна регулација на Кајанечки дол и го зголемивме градежниот опфат на детален урбанистички план, кој веќе се работи и претсавува основа за идниот развој на Истибања.

🔜 Многу наскоро ќе започнеме со поплочување на 3 улици во с.Истибања и ќе се изврши реконструкција на центарот во селото, а исто така работиме и во најбрз можен рок очекувам поставување на парно греење во детската градинка и училиштето.

Посетата на Истибања ја искористив и присуствував на подготовките на ФА „Китка“ за 37-от Мегународен фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“ и поразговаравме со претседателот Стојко Митковски околу организацијата на истиот.”

-информираше градоначалникот на општина Виница Миле Петков за посетата на граѓаните на село Истибања.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace