Минатата недела на 22 ри Јануари суперсоничен бомбардер од типот Ту-22М3 на Руската армија се сруши на аеродромска писта за време на изведување на тренажен лет на екипажот во Оленегорск во Мурманската област во Русија.

Од она што може да се види на самата видео снимка направена од страна на воено лице кое било дел од обуката, забележливо е дека при спуштањето на овој суперсоничен долголетен бомбардер, леталото пукнало на два дела по што се запалува во брза експлозија.

На лице место загинале тројца од екипажот на авионот, командантот, помошник командантот и операторот, додека навигаторот по некое чудо преживеал. Високиот рангиран навигатор на полкот, потполковник Максим Рилков веднаш после несреќата бил хоспитализиран во болница со сериозни телесни повреди.