БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Се затвора депонијата во с. Лески! Општина Виница- прва општина во регионот без диви депонии на своја територија

Пренеси го гласот

Општина Виница е една од општините во регионот која што е во најнапредна фаза за затворање на општинските депонии. Привршува процесот за затварање на депонијата во атарот на село Лески што е своевиден успех на локалната власт со оглед ан информациите од минатото за постојано палење и ширење на отровни гасови од оваа депонија во минатото за што алармиравме повеќе пати во јавноста како интернет портал.. Во тој процес е подготвена целокупната техничка документација со што општината Виница станува прва општина во регионот која на своја територија нема дива депонија.

“Се затвора депонијата во с.Лески. За 2 месеци Општина Виница ќе биде првата општина во Република Македонија која на својата територија нема да има ниту една депонија.

Со голема посветеност и силен ангажман ја подготвивме комплетната планско-урбанистичката документација, која беше предуслов да се отпочне процесот за затворање на депонијата.

Општина Виница е првата од сите општини од Источниот и Североисточниот регион која започна со чистењето на нестандардните општински депонии, откако претходно беа исчистиени дивите депонии во с.Блатец и с.Истибања.

АПЕЛИРАМЕ до сите граѓаните овој период да не се движат до нивните ниви и земјоделски површини во близина на депонијата, од причини што при чистењето на депонијата можно е нејзино запалување, како и испуштање на гасови штетни за здравјето на луѓето!

Чистењето и рекултивацијата на овие депонии е дел од капиталниот Проект за интегрирано управување со цврстиот отпад во Источниот и Североисточниот регион, инвестиција вредна 40 милиони евра обезбедени од ИПА фондовите за регионален развој на ЕУ.

Неговата реализација предвидува изградба на регионална депонија во Мечкуевци, Светиниколско и уште 6 претоварни станици.

Целосната реализација на овој проект се очекува да заврши 2026 година, со што целосно ќе се стави во функција системот за собирање, транспорт и третман на отпадот од 18 општини.”

-информираат од општина Виница.

Креирано од:


Пренеси го гласот