БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Семјуел Бекет за смислата на човечкото постоење – „Дали мислиме на љубов кога велиме љубов?“

Пренеси го гласот

Семјуел Бекет (13 април 1906 — 22 декември 1989) е ирски писател, драматург, романсиер, поет и претставник на т.н. „театар на апсурдот“. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1969 година за творештвото кое, во новите форми на романот и на драмата, мизеријата на човекот ја претвора во радост.

Творештвото на Бекет претставува поглед врз човековата култура на формален и филозофско минималистички начин. Како ученик, асистент и пријател на Џемс Џојс, Бекет се смета за еден од доцните модернисти, како инспирација за многу подоцнежни писатели, тој понекогаш се смета и за еден од првите постмодернисти.

Започнал да ја пишува монографијата Пруст, објавена во 1931 година.

По смртта на татко му,1933 година, живеел во Лондон. Започнал да го пишува романот Марфи, издаден во 1938 година, со кој се докажува како писател.

Во 1953 година го објавил романот Вот, а потоа трилогијата Малоа во 1951 година, Малон умира 1951 година и Безимениот 1953 година.

Негово најпознато дело е трагикомедијата во два чина „Чекајќи го Годо“ (1952) година. Со оваа драма, поставена првпат во Париз, 1953 година, Бекет станува светски познат.

Следните пиеси: Крај на играта, 1957, Последната нишка, 1959 и Среќни денови, 1961 го зацврстуваат како водечка фигура во театарот на апсурдот.

Во 1960 година Бекет продолжил да пишува за театарот, радиото и телевизијата. Во 70-те години Бекет пишувал главно едночинки, а некои од нив ги поставувал сам во Лондон и во Западна Германија.

Бекет е препознатлив по тоа што верувал дека апсурдот владее со светот и дека самото човечко постоење е апсурдно. Доколку сакате подобро да се запознаете со неговиот начин на размислување, прочитајте ги неговите најпопуларни цитати за смислата на животот…


 “Задачата на уметникот е да најде форма што ќе го смести нередот.“

„Секој збор е како непотребна дамка на тишината и небиднината.“

„Сите ние сме родени луди. Некои остануваат такви.“

„Навиката е најголемиот усмртувач.“

„Каде сум, не знам. Никогаш нема да знам. Во тишината не може да се знае. Мора да се продолжи понатаму. Не можам да продолжам понатаму. Ќе продолжам понатаму.“

„Ако не ме сакаш, нема да бидам сакан. Ако не те сакам, нема да сакам.“

„Вие сте на Земјата. Нема лек за тоа.“

„Солзите во светот се постојани. Секогаш кога некој ќе почне да плаче, некој друг некаде престанува да плаче. Истото важи и за смеењето.“

„Зборовите се сѐ што имаме.

„Ништо не е посмешно од тагата, ви го гарантирам тоа. Да, да, тоа е најкомичното нешто на светот.“

bregalnickimarketing

„Поетите се чувството, а филозофите се интелигенцијата на човештвото.“

„Кога би требало да го искористам моето тело, би го фрлил низ прозорецот.“

„Дали мислиме на љубов кога велиме љубов?“

„Не се каам за ништо. Единственото нешто за што се каам е тоа што сум се родил. Умирањето е многу здодевна и напорна работа.“

„Некогаш се обидуваш. Некогаш паѓаш. Не е важно. Обиди се повторно. Падни повторно. Падни подобро.“

„Можеби сè сум сфатил погрешно, но важно сум сфатил и тоа е новоста.“

„Кога сте во измет до гуша, единствено што преостанува е песната“.

 „Два моменти во текот на пишувањето вредат за трудот: оној во кој започнувате со пишување и оној кога напишаното го фрлате во корпа.“

„Ги користам зборовите на коишто ме научивте. Доколку веќе не значат ништо, научете ме нови или пуштете ме да молчам.“

 „Ете што ти е човек: постојано ги обвинува своите чизми за мааните на сопствените стапала.“

 „Имам свои маани, но предомислување заради корист не спаѓа во нив.“

 „Прво танцувај. Подоцна размислувај. Тоа е природниот ред на нештата.“

 „Судејќи според сè, никогаш нема да ми биде дозволено да завршам што било, освен можеби дишењето. Па сепак, човек не смее да биде алчен.“

 „Секој збор е како непотребна дамка на молк и ништовност.“

Креирано од:


Пренеси го гласот