БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Сеопштественото делување клучно во справувањето со странското мешање и манипулирање со информациите

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во Собранието денеска се одржа панел-дискусија на членови на Комисијата за одбрана и безбедност со претставници на Институтот за комуникациски студии (ИКС), на која беа презентирани ставови и препораки од две појдовни анализи изработени од ИКС: „Странско мешање и манипулирање со информации во Република Северна Македонија“ од Методи Хаџи Јанев и Марјан Столковски и „Справување со странско манипулирање со информации во контекст на европските регулативи“ од Конрад Блејер-Симон.

Говорници на настанот беа претседателот на Комисија за одбрана и безбедност, Павле Арсоски; Александра Теменугова и Дејан Андонов, раководители на програма во ИКС; вон. проф. д-р Методи Хаџи-Јанев и д-р Конрад Блејер-Симон, научен соработник во Центарот за плурализам и слобода на медиуми (Европски универзитетски институт – Фиренца, Италија) и во Европската опсерваторија за дигитални медиуми. 

Арсоски, истакна дека оваа панел дискусија претставува можност да се слушнат ставовите и препораките произлезени од двете појдовни анализи изработени од ИКС, како и да се разменат мислења и ставови за странското мешање во земјава и справувањето со овој вид на хибридни закани согласно европските регулативи. 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Тој потенцира дека од исклучителна важност за Собранието е соработката со невладиниот и граѓанскиот сектор, посебно во делот на носењето закони и креирањето политики. 

Во современиот безбедносен контекст, дезинформациите, сајбер операциите и медиумските манипулации сè почесто стануваат средство за политичко, економско и идеолошко влијание врз државите и нивните институции. И нашата земја, како дел од глобалната безбедносна архитектура и како земја која чекори по европскиот пат, не е имуна на ваквите предизвици, рече Арсоски. Манипулацијата со информации претставува закана која директно влијае врз демократските процеси, јавната доверба и општата стабилност. Тоа е хибридна форма на закана, која не се манифестира само преку класични безбедносни канали, туку продира и во општествените вредности, медиумите, образованието и политичкиот дискурс. 

Нашата земја, како геостратешки важна на Балканот, членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ, е изложена на овие закани кои бараат координација и интегрирано делување — институционално, законодавно, медиумски и општествено. Во таа смисла, Комисијата за одбрана и безбедност и Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање имаат особена одговорност да ги следат и анализираат овие процеси, но и да ги вклучат во пошироката дебата за безбедноста на државата. Работата не се ограничува само на традиционалните теми поврзани со армијата или физичката безбедност – туку и на новите, нетрадиционални закани, меѓу кои токму информативната и комуникациската дестабилизација добива сè поголема тежина.

ИКС ги анализира механизмите, методите и ефектите од странското мешање и манипулирање со информации, што не е изолиран феномен, туку дел од пошироки хибридни стратегии кои комбинираат дезинформации, геополитички наративи и сајбер-операции, со цел обликување на јавното мислење и политичките одлуки. Се дејствува во сите сфери, со вклучен актер државен или недржавен. Затоа е потребна отпорност, со сеопштествено делување, соработка со институциите, со новинарите, студентите, пензионерите. 

Студијата „Странско мешање и манипулирање со информации во Република Северна Македонија“ од Методи Хаџи-Јанев, укажува на посеопфатен пристап што ќе вклучи подобра координација меѓу државните институции, граѓанскиот сектор и медиумската заедница. Препораките се: формирање национален центар за координација; ажурирање на законската рамка за разликување на слободниот говор од штетната манипулација со информации, зголемување на транспарентноста и надзорот над онлајн платформите и политичкото рекламирање, задолжително откривање на изворите на финансирање на медиумите, усогласување на националните закони со препораките на ЕУ и НАТО; зајакнување на медиумската отпорност и транспарентност – поддршка на независни центри за проверка на факти, откривање на сопственичката структура и финансирањето на онлајн платформите, зајакнување на јавниот радиодифузен сервис и професионалното новинарство; изградба на општествена отпорност и медиумска писменост – едукативни програми за ученици за развивање критичко размислување и борба против дезинформации, јавни кампањи за едукација на граѓаните за техниките на манипулација со информации и важноста од проверка на изворите, истражувања и академски анализи за развивање стратегии прилагодени на македонскиот контекст; како и зголемување на меѓународната соработка.

Во втората студија „Осврнување на странското мешање и манипулирање со информации во контекст на европските регулативи“ од Конрад Блејер-Симон, се истакнува дека успешниот пристап кон справувањето со странското мешање и манипулирање со информациите бара комбинација од регулаторни мерки, поддршка за независни медиуми и градење општествена отпорност. Препораките се: владите да развијат сеопфатни национални стратегии против странското мешање и манипулирање со информациите, нагласувајќи градење отпорност преку образование и медиумска писменост. Поддршката на независните медиуми и граѓанското општество, обезбедувањето транспарентност и отчетност на дигиталните платформи и поттикнувањето на меѓународната соработка, се клучни чекори. Медиумските организации да ја зајакнат саморегулацијата, да бараат одржливи извори на приходи и да воведуваат иновации во испораката на содржини. Граѓанското општество и донаторите да обезбедат обука за новинарите и да ги нагласат програмите за проверка на факти и медиумска писменост. Онлајн платформите да се придржуваат до обврските од Кодексот на однесување за дезинформации. Политичарите да се посветат на искрена комуникација и да поттикнат конструктивен дијалог.

Изнесените анализи, податоци и препораки од денешната панел-дискусија ќе претставуваат вредна основа за креирање поефикасни политики, како и за зајакнување на свеста и отпорноста на општеството кон надворешни и внатрешни влијанија. Комисијата за одбрана и безбедност ќе остане отворена за вакви иницијативи и ќе продолжи да ја поддржува секоја активност која придонесува за безбедна, стабилна и демократска држава.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace