Пропагандата на власта не бира ниту сретства ниту начин за да ги манипулира граѓаните се со цел за што подолго да се задржи на власт.
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на 10 декември 2020 година помпезно со сини балони заедно со градоначалникот на Лозово Ацо Велковски пресече црвена лента со што ја отвори за употреба тогаш детската градина “Срцко”.
Денеска со своја реакција упатена преку социјалните мрежи од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Лозово ја алармираа јавноста дека оваа градинка се уште не е во функција два месеци по нејзиното пуштање во употреба од страна на Шахпаска и Велковски.
Жителите на Лозово кои што имаат насушна потреба од згрижување во градинката на своите деца се уште не можат да ги користат услугите на оваа детска градинка за што се чувствуваат измамени од Шахпаска и Велковски. Со цел за надминување на голем број неодговорени прашања за што точно станува збор, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ упатија во јавноста, повеќе прашања со кои би требало да се идентификуваат причините зошто градинката се уште не е во функција.
Во продолжение во целост ја пренесуваме реакцијата на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Лозово:
“Дали министерката Шахпаска е насамарена во Лозово???
Пред скоро два месеци градоначалникот во заминување заедно со министерката Шахпаска отворија градинка во Лозово, која до ден денес сеуште не е во функција.
Бидејки знаеме дека градоначалникот во заминување не одговара на прашања, еве неколку прашања до министерката Јагода Шахпаска:
1. Дали таа на 10.12.2020 година, кога сечеше лента, знаела дека нема регистрирано правен субјект детска градинка “Срцко” Лозово?
2.Дали е вистина дека член на потесното семејство на градоначалникот во заминување бил управител на фирма која сега е во ликвидација со име “Срцко”
3. Дали била изманипулирана од градоначалникот во заминување или и таа свесно ги манипулирала граѓаните?
4. Која беше причината за свечено отварање на објект, кој не е во функција и два месеци после отварањето?”
-стои во реакцијата упатена преку социјалните мрежи.