БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Шест нови улици добиваат асфалт во општина Карбинци

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов ја информира јавноста за текот на реализацијата на еден од најзначајните проекти кои што се реализираат за граѓаните на општината. Станува збор за оперативни работи на терен со кои е извршено подготовка за асфалтирање на 6 нови улици во населени места во општината.

“Завршени се градежните инфраструктурни активности со тампонирање и припрема за асфалтирање на 6-те најавени улици во општина Карбинци кои во следниот период ќе добијат нов асфалт!

Активностите за асфалтирање на локални улици низ општина Карбинци продолжуваат и во иднина!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Нов асфалт ќе добие улица во с.Горни Балван, школскиот двор во с.Парналија, и ќе се започне со градежни активности за завршување на дел од патот Радање-Оџалија.

Акцијата за асфалтирање на овие улици ќе се одвива во месец Март и Април.

Во тек е изготвување на техничка документација за уште неколку нови улици во с.Радање!

Продолжуваме со инвестирање во патната инфраструктура, што ќе овозможи не само да се надомести эаостатокот од претходно, туку и да се прошири и подобри патната инфраструктура насекаде низ нашата општина!”

-стои во известувањето упатено преку социјалните мрежи од страна на градоначалникот Паунов.

Креирано од:


Пренеси го гласот