Вака се однесува систем изграден во и околу партијата СДСМ кој што е направен за да егзистира самиот за себе единствено поради сопствен политички алтруизам на испревртени вредности наспроти интересите на граѓаните и државата.
Имаме ситуација во која што во претходната власт во државата предводена од СДСМ и ДУИ во налет на нивна неспособност со ад хок законско решение во 2023 година им брцнаа во џебовите на успешните компании во државата со што инкаситраа во јавниот буџет околу 50 милиони евра под изговор на некаков т.н. солидарен данок. Ваквата противуставна операција тогашната власт на СДСМ и ДУИ беше направена под изговор за полесно надминување на ефектите од кризата со Ковид 19, па енергетската криза итн. итн. И тоа беше направено во услови кога политичката вредност на Македонската електорална сцена на владините политики на СДСМ и ДУИ беше во тотална деноминација со се поизвесен пад од власта пред изборите во мај 2024 година, веројатно со намера вака испумпаните пари од стопанството да овозможат некаков ублажен пад за создавање на можности за предизборен поткуп на гласачи.
Но политичкиот брод на СДСМ доживеа толку голем поплавен бран на изборите во мај 2024 година што не е на повидок брзо опоравување од истиот.
За таа цел споменатиот систем за менаџмент на кризи во СДСМ и околу СДСМ го активира својот прв појас за спасување во редовите на октроираното судство токму во момент кога државата сега предводена од новата власт на ВМРО-ДПМНЕ започна малку од малку да заздравува од тоталната пропаст кон која ја движеа СДСМ и ДУИ претходно. Вчера Уставен суд во чии што фотелји седат политички октроирани судии од СДСМ и ДУИ донесе одлука за понуштување на законската рамка за воведувањето на т.н. солидарен данок со што државата во наредните 5 години треба да им ги врати споменатите 50 милиони евра на 156 домашни компании.
Пеколната логика на СДСМ и нивните сателити во судството што на ваков начин е реализирана се состои од незаконско испумпување на 50 милиони евра трошени во предвечерие на изборите во мај 2024 година од страна на властите на СДСМ и ДУИ на разно разни инструменти за институционален потку на гласачи, без никаква економска (и законска) подлога за после падот кој што согласно сите сондажи на јавното мислење беше неминовен, наредната власт на ВМРО-ДПМНЕ да ги враќа назад на “законски” ограбените компании.
Каде е тука политичката одговорност?
Дали има можности и за покренување на друг тип на одговорност на актерите кои што го смислиа и реализираа ваквото пеколно сценарио?
Данокот на солидарност беше воведен врз основа ан законското решение изгласано од претходното парламентарно мнозинство како еднократна, вонредна јавна давачка за 2023 година. Овој данок го плаќаа компаниите кои во 2022 година оствариле вкупен приход поголем од 615 милиони денари (околу 10 милиони евра).
Подносители на иницијативите за оценување на уставноста на законот за солидарен данок пред Уставниот суд се Финмак ДОО, Скопје, Стопанска комора на Република Северна Македонија, ДТУ ЕТМТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје, Стопанска комора на Северо-Западна Македонија Скопје и Друштво за консалтинг Лански, Ганзгер, Зеќири + Партнер ДОО.
Судот, во ноември минатата година, изрази сомнеж дека оспорениот Закон ја повредува темелната вредност владеење на правото уредена со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот и фундаменталните принципи на кои почива, како што е правната сигурност на субјектите во нивната правна положба, правната предвидливост и правната извесност во легитимните очекувања на субјектите во правото.
Уставните судии во рамки на нивната аргументација изразија сомнеж дека станува збор за Закон кој произведува повратно дејство, што е во спротивност со членот 52 од Уставот.
Премиерот Христијан Мицкоски, во јануари годинава рече дека одлуките на Уставниот суд не се коментираат, туку се спроведуваат и ако Судот донесе одлука да се вратат 50-те милиони евра од солидарниот данок ќе бидат вратени.
– Ние враќаме многу работи кои ги задолжиле претходните. Многу пати сум рекол дека нема да ги коментирам одлуките на Уставниот суд. Ако донесат таква одлука мора да ги вратиме тие пари, нема што да правиме, ќе скратиме од нешто друго и ќе направиме ребаланс. Воедно ќе ја разгледаме и можноста за кривична одговорност на тие кои донесоа одлука на ваков начин да се води економијата зашто дефакто Буџетот е оштетен, а може утре и камати да ни побараат ако донесе таква одлука Уставниот суд, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по увидот во градежни активности на патот Катланово-Градманци во општина Петровец.
Премиерот Мицкоски нагласи дека одлуките на Уставниот суд се конечни и не може да се коментираат и додаде дека станува збор за пари кои им припаѓаат на сите граѓани, а Владата само менаџира со нив.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Силен финансиски импут за локалните самоуправи како никогаш до сега! Дали ЕЛС имаат капацитет со овие пари да обезбедат соодветен одржлив развој на локалните заедници?
Канцерот во Македонското мочуриште што со децении не дозволува народот да види бело видело
СДСМ преку Трендафилов со наметнување на минимална плата од 500 евра на стопанството, сакаат да ја урнисаат државата