Како и многуте ветени и реализирани проекти, така и сега во Штип започна да се асфалтира новата обиколница која е направена со цел да се намали сообраќајниот метеж. Обиколницата се протега од фабриката Баргала до населба Сењак. Целта е автобусите и тешките товарни возила да не влегуваат во центарот на градот.
Оваа обиколница ќе биде од голема корист за граѓаните на град Штип како и за идните генерации.