Клиничката болница во Штип цел ден е без греење. Пациентите и персоналот се смрзнуваат, а нафта за парното нема, иако на вработените им било ветено дека ќе добијат попладнево.
Вработени во болницата за „Макфакс“ велат дека од утрово парното не работи и дека од дома носеле греалки за да се стоплат. Велат дека болницата е полна со пациенти кои се покриваат со кебиња и јакни за да се стоплат.
„Ни рекоа дека во 17 часот ќе има нафта, но греење нема уште. Од дома носиме греалки, но поради преотповареност, бушоните пукаат. Цел ден менуваме бушони“, сведочат вработени во штипската болница
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Се шират лажни информации помеѓу жителите на Кочани за поголем број на починати. Дополнителна тензија никому не е од корист
Градоначалникот на Општина Кочани со препораки до КЈП „Водовод“ и до Советот на Општина Кочани
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во делчевскиот Совет поднесоа БАРАЊЕ за ставање во функција на регионален пат село Разловци- село Митрашинци