БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Што работи Уставниот суд на Република Македонија ?

Пренеси го гласот

Уставен суд институција за контрола на уставноста и законитоста (покрај другото)
за жал само на хартија.

Уставен суд во пракса:

Кога се работи за нивната кожа, вонредна седница би свикале и на празник, но кога се
работи за флагрантно кршење на Уставот тогаш се прогласуваат за ненадлежни или пак ги
ставаат предметите во фиока.

Владата донесе уредба за намалување на платите на 2060 функционери, пратеници, судии,
обвинители и директори на минимална плата од 14500 денари за април и мај. На оваа
уредба реагираше Уставниот суд и ја оценуваше уставноста и законитоста на уредбата на
Владата со која беше оценето дека сите функционери треба да ја земаат целата плата,
наместо минималната од 14500 денари. Со оваа одлука Уставниот суд директно спречува
обезбедување на 240 милиони денари во Буџетот на Република Македонија, средства кои
би се искористиле за борба против коронавирусот.

На 18.01.2019година доставив две иницијатици до Уставниот суд, едната иницијатицва за
поведување постапка за оценување на уставноста на Одлуката за прогласување на
Амандманите: XXXIV, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија
бр.08-184/1 од 11.01.2019г. Сл.весник на РМ бр.6/2019г. и втората иницијатива за
поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за употреба на јазиците
Сл.весник на РМ број 7/2019година.

До ден денес немам добиено никакво известување од страна на Уставниот суд за двете
иницијативи. Зошто Уставен суд сеуште се нема произнесено за двете иницијативи
доставени до нив ? или можеби колаборираат со потписниците на таканаречениот
преспански договор.

Значи по иницијативи со кои се бара поништување на акти на Собранието и Владата
заради флагрантно кршење на правниот поредок, владеењето на правото, правата и
слободите на граѓаните судот не постапува, ги држи во фиока со години, додека за уредба
на Владата со која се засега во нивните плати експресно реагираа!

Уставниот суд очигледно ги суспензира правниот поредок, владеењето на правото,
правата и слободите на граѓаните !

На сите ни е познато дека нема механизам за одговорност на судиите, но сигурен сум дека
ќе одговараат пред народот и пред историјата.

Непринципиелноста на овие судии провејува веќе неколку години па се прашувам ако
работат вака како што работат чуму ни е Уставен суд ? само да тежи на буџетот ? или
чуму ни се тие судии нема други ?

Пишува: Петар Робески- магистер по екомомски науки

Креирано од:


Пренеси го гласот