БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Што се случува со локалните институции во Македонска Каменица?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

До нашата редакција пристигнаа алармантни информации за “страшни притисоци” врз вработеии граѓани во најголемиот приватен стопански субјект во Македонска Каменица.

“Враќањето на Соња како градоначалник на Македонска Каменица станува агонија за неколку семејства, меѓу нив млади брачни парови, родители со 3 и повеќе деца…

Дали Соња со нејзиниот добро познат соработник од голем град блиску северната граница кој и има помогнато да се стекне со 2 стана во Скопје на маката на рударите,денес во заедничка акција вршат притисок врз вработени во Рудник “САСА” да ги напуштат своите работни места за да има повеќе за во нивните џебови?

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Дали постои скриен договор помеѓу старо-новата градоначалничка и дел од раководството од рудник Саса, преку старите и добро познати релации и врски од претходниот мандат, денешните случувања во рудникот да се искористат за партиски вработувања на лица блиски до СДС на кои тоа им е ветено во текот на кампањата?
Зошто се принудуваат лица со подолг работен стаж и поголемо искуство да заминат од работа а се оставаат на работа лица со мало работно искуство само да одговараат и извршуваат партиски задачи на дел од раководството од саса, градоначалничката и новата локална власт од СДС?

Дали продолжува добрата соработка и личните бизнис интереси на старата градоначалничка со нејзините блиски партиски соработници од рудникот создадени во претходниот нејзин мандат во време на владеење на СДС?

Дали се враќа времето, од пред неколку години, кога во рудникот одлучуваше СДС и градоначалничката преку поставени лица во раководството на рудникот блиски до тогашното раководство на СДС?

Дали повторно за лични интереси и суети на мал круг луѓе од раководството на СДС ќе страдаат рударите и населението?”

-стои во интегралниот текст на сооштението упатено до јавноста од страна на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Македонска Каменица, доставено до нашата редакција.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace