БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Симболично издание на „Деновите на кочанскиот ориз“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Годинашново, 34. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ беше симболично одбележување на жетвата на оризовата култура.

На оризова нива на Институтот за ориз, претставници на Здружението на пензионери – Кочани и младинци, членови на ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари учествуваа во приказот на обичајот зажнејување.

Со благослов за успешно собирање на родот од оризовите полиња, но без песна и оро, во знак на почит кон починатите во трагедијата на 16 март оваа година – скратеното издание на манифестацијата има цел да ја задржи традицијата во чувањето на културното наследство поврзано со оризопроизводството.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски ѝ ја врачи наградата на Ленче Стојанова од Кочани, која Комисијата за избор на најуспешен оризопроизводител ја избра за најуспешен оризопроизводител. Стојанова е регистрирана земјоделска производителка, која во 2024 година има 55 450 кг предадена арпа и поседува 46 ха земјоделско земјиште.

Честитајќи ѝ ја наградата, Крстевски истакна дека таа покажува дека жените оризопроизводителки можат да бидат подеднакво успешни како мажите.Д-р Верица Илиева, професорка на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, го претстави проектот „КАРБОНИКА – Јаглеродна иницијатива за климатски отпорно земјоделство“. Со проектот се развиваат земјоделски практики кои го задржуваат јаглеродот во почвата или ги намалуваат емисиите на стакленички гасови, како и практики за следење на нивото на складираниот јаглерод во почвата, како придонес во ублажувањето на климатските промени.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace