БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Скопје облепено со плакати со Сонцето на древните Македонци- Ѕвездата од Кутлеш. Ова е мотивот!

Пренеси го гласот

До нашата редакција пристигна соопштение од здружението “Аманет 1903 Скопје”. Интегралниот текст на истото го пренесуваме во продолжение:

“Почитувани Граѓани!
Канцеларијата Македонец за Македонец упатува јавно 

СООПШТЕНИЕ

На ден 29.03.2022. Вторник ,ја започнавме нашата ПРЕЗЕНТАЦИЈА ,на територијата на Скопје. Со лепење на прекрасни плакати веќе се покриени Општините Аеродром, Ново Лисиче и дел од Гази Баба. Денес на 30.03.2022, Среда  Продолжуваме со нашата ПРЕЗЕНТАЦИЈА,на дел од Општина Кисела Вода ,11 Октомври и Центар.На сите фреквентни места граѓаните на Скопје ќе можат да се запознаат со локацијата на нашата Канцеларија. Со овие плакати упатуваме и јавен ПОВИК До сите жители на град Скопје ,да дојдат во Канцеларијата Македонец за Македонец, во Три Бисери,Аеродром и да се приклучат во активностите на нашата Организација. Овие плакати имаат и за цел во Скопје да блесне Сонцето Македонско заедно со обединувачките дланки како и да се вратат Македонските обележја и Патриотскиот дух низ Скопје .Да се обединиме и да навиваме за Македонија ,во секој смисол ,не само во спорт. Оваа акција трае веќе два дена , но средбите со Македонскиот Народ и ПРЕЗЕНТАЦИЈА на Канцеларијата продолжува секојдневно.

Приклучете се ,Македонија не е само Фолклор, да го разбудиме Скопје !!! За Македонија !!!”

-стои во соопштението на граѓанската организација “Аманет 1903 Скопје”

Креирано од:


Пренеси го гласот