БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Славко Јаневски: “Четирите”

Пренеси го гласот

Четири ајдука одат,
ноќта ги следи во стапки,
брезите плискаат на нив
росница, студени капки.


Одат …
Првиот ѕборува:
„Си имам девојка танка,
рујна ко ајдучко знаме,
бела ко цутје на гранка“.


Одат …
Вториот зборува:
„Си имам малечко дете,
мило ко ајдучка пролет,
бистро ко потокот летен“.


Одат …
Третиот зборува:
„Невеста лична си имам,
драга ко утрено сонце,
топла ко оганот зимен“.


Одат …
Задниот зборува:
„Никого немам на светов,
до една кременка лута,
знаме –
и ајдучка чета”.


Четири ајдука молчат,
месецот минува со нив,
ветерот развева в гора
    ајдучки
    разговор
    ѕвонлив …

bregalnickimarketing

Од стихозбирката “ПЕСНИ” 1944-1948

Славко Јаневски
(Скопје, 11 јануари 1920 — Скопје, 20 јануари 2000)

Креирано од:


Пренеси го гласот