Во рамки на програмските определби на градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов, поголем број на земјоделци ќе добијат подобар патен пристап до своите земјоделски површини.
Реализацијата на овој проект следува по реконструкцијата на повеќе селски патишта во доминантно земјоделската општина Карбинци во изминатата година од мандатот на градоначалникот Виктор Паунов. Реализацијата на теренските активности ќе започне по спровеувањето на јавната набавка што би требало заврши до почетокот на интензивните земјоделски работи оваа пролет.
“По реконструкцијата на неколку полски патишта во нашата општина продолжуваме понатаму, обезбедени се финансиски средства во висина од 1.000.000 денари од страна на АФПЗРР за реконструкција на земјен пат, тампонирање во атарот на село Таринци.
Со овој проект ќе го подобриме пристапот до земјоделските површини и околните фарми.
Постапката ќе започне за избор на изведувач а веднаш по изборот ќе се започне со реализација. “
-соопшти градоначалникот Виктор Паунов.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година