Дали сте велосипедист? Можеби сте, ама тоа не сте го знаеле?
Епа еве можност вашата желба за велосипедизам да биде ставена на тест!

Пека Тахола кој што е инжинер по добросостојба за компанијата Навико Лимитед а воедно и координатор за велосипедизам во финскиот град Оулу, подготви неколку фотографии за јавноста од паркингот пред локалното училиште во градот.
А таму покрај видливите купишта на снег можат да се забележат огромен број на велосипеди со кои што учениците во училиштето доаѓаат секојдневно да ги посетуваат часовите од наставата.

Иако температурата надвор е -17 Целзиусови степени се чини дека ништо не може да ги спречи овие иченици со својот велосипед да дојдат на училиште секој училишен ден.
Можеби за наши (балкански) прилики ваквата пракса е чудна и невообичаена, сепак за родителите на овие деца во училиштето во оваа постапка нема ништо чудно. За нив возењето на велосипед во вакви услови е значи подобро здравје за децата, како и поголем фокус при возењето што значи развој на моториката и рефлексите на децата во нивниот секојдневен живот.
Од вкупна бројка од 1200 ученици во училиштето околу 1000 ученици за да дојдат на училиште го користат својот велосипед, 100-150 ученици одат пеш на училиште а останатите користат санки, скии и многу малку автомобили.

Некои родители од потоплите краишта на Финска велат дека е премногу ладно за децата да се пуштаат со велосипеди на училиште, но родителите од овој град се убедени дека нивните деца го добиваат најдобриот третман со ваквата пракса.

Некој љубител на велосипед од нашите балкански краишта можеби ќе најде забелешка дека велосипедите не се виту еден заклучени со катанци и сајли, но веројатно има добра причина зошто не се!
Исто така други некои душегрижници можеби ќе забележат дека паркингот за велосипеди и санки е на отворено надвор и нема посебни објекти во кои децата би можеле да ги паркираат своите превозни сретства внатре на затворено, но претпоставуваме дека надлежните во Финска имаат попаметна работа од изградба на бетонски скапи објекти кои немаат некоја реална економска вредност кој би враќала пари назад во буџетот…
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Медицинското значење на страдањето на Исус Христос
Шарпланинците го имаат тој балкански карактер на блискост, емотивен темперамент и лојалност кон сопствениците
Си замина некогашниот Бетмен, Џим Морисон, Том Казански, Док Холидеј, Медмардиган…