БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Со доуредување на јавни површини во најголемата населба Баби во Штип продолжува инфраструктурниот пресинг на градоначалникот Јорданов

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Ако во изминатата 2022 година која што беше прва година од мандатот на градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов беа реализирани рекордно најголем број инфраструктурни проекти споредено со соодветните периоди на градоначалниците во минатото, во 2023 година продолжува инфраструктурната експанзија во целата општина. Со несмален интензитет продолжува реализацијата на големи инфраструктурни проекти и тоа уште во јануари. Денеска продолжи уредувањето на големи јавни површини во најголемата штипска населба Баби во Штип што ќе значи нов подобар стандар и квалитет на живеење на самите граѓани.

“Најголемата населба Баби добива модерен и современ парк. Од денес почнавме со дооформување на постоечкиот парк во поубава целина, со поставување на нова урбана опрема, нови детски реквизити, поставување на летниковци за рекреација и одмор и уште многу други содржини.

Овој проект е во вредност од 4.500.000,00 денари и е реализиран во соработка со Бирото за Регионален развој.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ова е уште еден пример како во иднина секоја населба ќе ја урбанизираме и модернизираме.”

-информираше денеска градоначалникот Иван Јорданов во јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace